Милан нуди пет милиони евра за српско „чудо од дете“, Партизан трие раце! (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Милан повторно покажа интерес за талентираниот српски фудбалер Андреј Костиќ, па води разговори со Партизан за негов трансфер.

„Росонерите“ планираат наскоро да испратат понуда за талентираниот напаѓач, а истата ќе изнесува околу пет милиони евра.

Костиќ е роден во 2007 година, а многумина во изминатиот период го споредуваа со српскиот голгетер Душан Влаховиќ.

Милан сака да го испрати најпрво во Милан Футуро, каде што ќе треба да се прилагоди на италијанскиот фудбал, а потоа да биде промовиран во првата екипа.