Американецот со големо македонско срце почнува тренерска кариера!
Тој е именуван за тренер во програмата на Универзитетот Зомби, каде што ќе работи со деца на возраст од околу 14 години. Станува збор за непрофитна организација и кошаркарска програма насочена кон развој и едукација на млади, со јасна хуманитарна мисија. Програмата опфаќа деца и тинејџери на возраст меѓу 12 и 17 години, а нејзината основна цел е преку спорт, дисциплина и менторство да им обезбеди безбедна и позитивна средина за развој, далеку од негативните влијанија на улицата.
Ангажманот во оваа организација се смета за почеток на тренерскиот пат на Мекејлеб, кој како играч остави силен печат во европската кошарка, настапувајќи во дресот на Македонија за која секогаш даваше се од себе, како и за клубови од Србија, Италија и Турција.
Најголемиот траг го остави како македонски репрезентативец, со историски успех и четвртото место на ЕП 2011 во Литванија.
ФОТО: EPA PHOTO