Инцидент во Шпанија: Навивач го гаѓал Винисиус со банана! (ФОТО)

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека се случил расистички инцидент на мечот меѓу Албасете и Реал Мадрид во шпанскиот Куп.

За време на прославата на третиот гол на Албасете, еден навивач од трибините фрлил банана која за малку ќе го погодела Винисиус Жуниор.

Бразилецот Винисиус повеќе пати беше мета на расистички напади низ стадионите во Шпанија.