Објавена снимка од падот на екс-фудбалерот на ЦСКА од прозорец (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фудбалскиот свет го потресе голема трагедија, откако поранешниот фудбалер на ЦСКА Москва, Лајонел Адамс беше пронајден мртов по пад од прозорец, а сега е објавено и вознемирувачко видео од инцидентот.

На социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео на кое се гледа дека Адамс паѓа од прозорец, а засега не е позната точната причина за оваа несреќа, иако неговата мајка бара темелна истрага.

Адамс во кариерата настапуваше за бројни клубови, и тоа Енисеј Краснојарск, КАМАЗ Набережни Челни, како и екипи од Казахстан, Белорусија, Ерменија, Црна Гора и Шпанија.