Бруно Фернандеш го напушта Јунајтед и се сели во друг европски гигант!?
Тој тим е Баерн Минхен. Наводно, Баварците сакаат да го донесат 31-годишниот Португалец и да внесат дополнителен квалитет во средниот ред.
Во Манчестер Јунајтед ситуацијата не е стабилна, клубот уште нема фатено јасна насока, а таквата турбулентна сегашност може да допринесе за полесно заминување на капитенот.
Се пишува дека во договорот на Бруно Фернандеш со Манчестер Јунајтед има откупна клаузула за клубовите надвор од Англија која изнесува 57 милиони фунти, односно 67,26 милиони евра.
Баерн е подготвен да ја плати оваа сума и да го засили тимот кој ионака изгледа многу моќно.