Удар за Франција пред почетокот на ЕП, им се повреди еден од најдобрите!

Ракометната репрезентација на Франција која на секој голем турнир е меѓу главните фаворити, на престојното Европско првенство ќе мора да игра без една од своите главни ѕвезди.

Се повреди Недим Ремили и отпадна од комбинација за настап на шампионатот, селекторот Гиљом Жил нема да може да смета на неговите услуги.

Десниот бек има повреда на мускулот на левата нога, лекарските прегледи покажаа дека ќе мора да паузира околу 20 дена.

На местото од Ремили во составот на Франција е повикан Ејмерик Зепфек, но јасно е дека не може соодветно да се замени така голема ѕвезда.

Франција е во група заедно со Чешка, Украина и Норвешка.