Алонсо се збогува со кратка порака: Не беше сè како што планиравме (ФОТО)

Младиот шпански тренер Чаби Алонсо доби отказ од Реал Мадрид по лошите резултати во изминатиот период и поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Алонсо се збогуваше со „кралевите“ преку социјалните мрежи со кратка порака во која посочи дека работите не се развивале како што планирале на почетокот.

„Ова професионално поглавје заврши и не беше сè како што планиравме. Да го тренираше Реал Мадрид е чест и одговорност. Се заблагодарувам на сите, на фудбалерите и останатите во управата, но и на навивачите. Заминувам со почит, благодарност и гордост“, објави Алонсо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Xabi Alonso (@xabialonso)

Фото: Facebook/Real Madrid