Грожан ја доби кацигата која ја носеше за време на страшната несреќа во Бахреин (ВИДЕО)

Поранешниот возач во Формула 1, Роман Грожан соопшти дека неодамна ја добил кацигата која го заштити за време на ужасната несреќа на трката за Големата награда на Бахреин во 2020 година.

Грожан во првиот круг од трката удри во заштитната ограда, по што се запали неговиот болид, но за среќа возачот на неверојатен начин излезе од огнот.

„Пет години по 29 ноември 2020 година, повторно ја имам својата кацига. Не знаев дали сум подготвен да ја видам повторно, но моите деца сакаа да разберат како успеав толку добро да се заштитам во пожарот“, открива Грожан.