Падна договор: Манчестер јунајтед има нов привремен тренер (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед донесе одлука да го ангажира Мајкл Керик како привремен тренер, кој треба да остане на кормилото до крајот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“, по отказот на Рубен Аморим, тргнаа во потрага по нов стратег и имаа преговори со неколку тренери, но на крајот се одлучија за еден од нивните поранешни тренери.

Керик заедно со него ќе донесе и стручен штаб, а ќе потпише договор до крајот на сезоната, по што официјално ќе почне со работа во Манчестер и го чека тешка задача.

Фото: Facebook/Manchester United