Перез знаел кога да „пресече“ со Алонсо - му спасил милиони на Реал!

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо не издржа долго на кормилото на Реал Мадрид, иако минатото лето потпиша тригодишен договор, а потегот на Флорентино Перез да го отпушти е многу важен за финансиите на „кралевите“.

Алонсо со договорот требаше да добие дури 21 милион евра, но во него имало клаузула според која „кралевите“ можеле да го отпуштат во првата година и да му дадат плата само за неа, додека останатите две не се должи да му ги исплатат.

Тоа значи дека Перез „пресекол“ со Алонсо во вистински момент за да му спаси дури 14 милиони евра на шпанскиот гигант.

„Кралевите“ минатото лето му исплатија и 10 милиони евра на Баер Леверкузен за да го добијат потписот на Алонсо.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.