Вардар замина за Анталија – ќе се тестира против шест екипи од „Источниот блок“!

Екипата на Вардар, лидерот на табелата по есенскиот дел во Првата лига, денеска замина на зимски подготовки во Анталија (Турција), кои помалку невообичаено ќе траат речиси три недели.

База на „црвено-црните“ ќе биде турскиот град Сиде, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките и ќе одиграат вкупно шест контролни натпревари. Пет од ривалите веќе се познати, а станува збор за четири тима од просторот на поранешен СССР, како и два силни ривали од Чешка и Полска, кои во минатото исто така беа дел од т.н. Источен блок.

Експедицијата на Вардар ќе остане во Турција до 3 февруари, по што следи враќање во Македонија. Таму тимот ќе ја одигра и последната проверка, таканаречената „генералка“, пред продолжението на сезоната во ПМФЛ, закажано за вториот викенд од февруари.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:

17 јануари – Јаблонец (Чешка)

20 јануари – Андижан (Узбекистан)

23 јануари – Мотор Лублин (Полска)

26 јануари – Махачкала (Русија)

29 јануари – Акхмат Грозни (Русија)

2 февруари – Алашкерт (Ерменија)