Дончиќ даде 40 поени за три четвртини, па дозволи да му се одмаздат за Шрудер (ВИДЕО)
Словенечкиот мајстор постигна 40 поени за само три четвртини, но во последниот период беше целосно сопрен па додаде само уште еден кош за вкупно 42 поени. Херој на Сакраменто беше Расел Вестбрук, кој блесна кога требаше. Кај победникот, Демар Дерозен уфрли 32 поени, Малик Монк додаде 26 поени од клупата и осум асистенции, Вестбрук заврши со 22 поени и седум асистенции, додека Зак Лавин постигна 19 поени. Кај Лејкерс, Дончиќ имаше и седум скока, осум асистенции и четири украдени топки, додека Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 22 поени, а Деандре Ејтон запиша „дабл-дабл“ од 13 поени и 13 скока.
Претходните денови големо внимание привлече информацијата за конфликтот меѓу Дончиќ и Денис Шредер, но нивно директно соочување овојпат изостана поради суспензијата на германскиот кошаркар. Составот на ЛА Клиперс, пак, славеа по пресметката со Шарлот Хорнетс (117-109). Најрасположени беа Кавај Ленард со 34 поени и Џејмс Харден со 32, додека Ивица Зубац придонесе со девет поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Јута 112-123, Индијана – Бостон 98-96, Торонто – Филаделфија 102-115, Далас – Бруклин 113-105, Сакраменто – ЛА Лејкерс 124-112, ЛА Клиперс – Шарлот 117-109.