Ѓоковиќ уште не излезен на терен оствари рекорд кој – никогаш нема да биде соборен!
Србинот свесно ги прескокна воведните турнири на почетокот од сезоната, вклучително и Аделаида, со цел да ја сочува енергијата за главната цел – настапот на Австралијан опен. Но, и без одигран натпревар, неговата константност повторно влезе во историјата. Оваа импресивна серија започна уште во пролетта 2006 година, кога тогаш 19-годишниот Ѓоковиќ за првпат се проби меѓу најдобрите 40 тенисери во светот, по пласманот во четвртфиналето на Ролан Гарос. Од тој момент па сè до денес – цели 20 години – неговото име не излезе од елитата.
Популарниот Ноле и на 38-годишна возраст останува меѓу најдобрите во светот, па во моментов се наоѓа на четвртата позиција на АТП-листата, зад Карлос Алкарас, Јаник Синер и Александар Зверев. Додека дел од конкурентите собираа поени на стартот од сезоната – Данил Медведев триумфираше во Бризбејн, а Александер Бублик славеше во Хонг Конг – Ѓоковиќ трпеливо ја темпира формата за Мелбурн.
По четирите гренслем-полуфиналиња во 2025 година, српскиот ас во Австралија доаѓа со јасна цел - напад на историската 25. титула на некој од четирите најголеми турнири.