Клоп го прекина молкот и откри дали ќе го тренира Реал Мадрид

Реал Мадрид го отпушти тренерот Чаби Алонсо по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, а медиумите почнаа да шпекулираат дека на крајот на сезоната на кормилото ќе пристигне Јирген Клоп.

Алваро Арбелоа ќе биде замената за Алонсо барем до крајот на сезоната, а многумина сметаа дека тренерското столче потоа ќе му припадне на легендарниот Германец, но Клоп ја отфрли таа идеја.

Клоп кажа дека е изненаден од отказот на Алонсо, а потоа посочи дека нема да ги преземе „кралевите“.

„Нема никаква врска со мене. Не ја барав таа работа и немам планови да го тренирам Реал. Ме изненади тоа што го отпуштија Алонсо. Тоа покажува колку се големи очекувањата во Мадрид. Не сум заинтересиран за работата“, кажа Клоп.

Во кариерата веќе работеше како тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Фото: Liverpool FC/X