Познати двојките во четвртата рунда од ФА-купот: Лесни ривали за Челси и Манчестер сити

ФА-купот синоќа одржа ждрепка за четвртата рунда, при што учесниците ги дознаа ривалите со кои ќе се соочат, а на програмата ќе биде едно големо дерби меѓу премиерлигаши, додека Челси и Манчестер сити имаат лесни противници.

Челси ќе се соочи со Хал, додека Манчестер сити ќе игра со победникот од дуелот меѓу Салфорд и Свиндон, додека дербито е закажано меѓу Астон вила и Њукасл.

Натпреварите се закажани во период од 13 до 16 февруари.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club