Ѓорческа доби голема помош: Во Мелбурн ечеше – Македонија, Македонија (ВИДЕО)
На теренот број 12 во Мелбурн имаше многу навивачи со македонски знамиња што се вееја од трибините и создадоа чувство како Ѓорческа да игра на домашен терен. Во поголем дел од меч, од публиката одекнуваше гласното „Македонија, Македонија“, што постојано ја бодреше нашата најдобра тенисерка и ѝ даваше дополнителен мотив во клучните моменти.
Под ваква поддршка, Ѓорческа одигра сигурно и зрело, особено во вториот сет во кој целосно ја надигра Краус. Во второто коло од квалификациите, таа ќе се сретне со Зиданшек од Словенија, која ја победи Понше со 2-0, а се наоѓа на 151. место на ВТА листата.
Видеото од скандирањето на македонските навивачи во чест на македонската најдобра енисерка може да го погледнете ТУКА.