Историјата се повторува: Синот на Ибрахимовиќ тргна по стапките на славниот татко!

Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, го напушти Милан и ја продолжи кариерата во Ајакс – клубот во кој својот прв голем трансфер го направи и неговиот татко.

Наследникот на Ибракадабра, кој е роден во 2006 година, игра како лево крило или полушпиц и фудбалски израсна во шведскиот Хамарби, а од 2023 година беше дел од младинската академија на Милан, каде што се развиваше во изминатите две сезони. Во Амстердам се надеваат дека младиот Ибрахимовиќ би можел барем делумно да ја повтори приказната на својот татко, кој дресот на „копјаниците“ го носеше од 2001 до 2004 година. Тогаш Златан пристигна во Амстердам од Малме за 7,8 милиони евра.

Ибрахимовиќ сениор во првиот тим на Ајакс одигра 19 натпревари, постигна шест голови и запиша три асистенции – учинок што беше доволен Јувентус да го откупи за 16 милиони евра. Сè што следеше потоа стана историја, а останува да се види дали Максимилијан ќе успее да оди по истите стапки – ако не целосно, тогаш барем делумно.

ФОТО: EPA PHOTO