Батурина во 94. минута го спаси Комо од пораз, но Болоња им ја прекина серијата победи (ВИДЕО)

Комо беше во голема форма пред денешниот меч со Болоња, момците на Сеск Фабрегас влегоа дури и во топ четири на табелата, но денеска на свој терен се спасуваше од пораз длабоко во судиското продолжение со гол на Батурина.

По четири минути игра во второто полувреме  Камбиаги погоди за водство на Болоња од 1-0.

Истиот фудбалер во 60. минута заработи црвен картон, Болоња остана со играч помалку.

Комо имаше повеќе од половина час за да се спаси од пораз и во самиот финиш успеа во тоа. Батурина кој во игра влезе во 84. минута, десет минути подоцна успеа да даде гол за конечни 1-1.

Удинезе и Пиза одиграа реми со четири голови, мечот заврши 2-2.

Трамони уште во 13. минута со прекрасен гол донесе водство на Пиза, но тоа траеше само шест минути кога Кабаселе израмни на 1-1.

На пет минути пред крајот на првиот дел Дејвис од пенал донесе и водство на Удинезе од 2-1.

Во 67. минута Меистер погоди за конечни 2-2.