Јувентус отворил преговори со фудбалер на Манчестер сити
Договорот на Силва со „граѓаните“ истекува на крајот од сезоната, што претставува идеална можност за „старата дама“ да реагира и да го ангажира без плаќање отштета.
Според „Ла Стампа“, Португалецот веќе одбил продолжување на соработката со Манчестер сити, па неговото заминување од клубот е практично извесно.
Јувентус и понатаму е во потрага по централен фудбалер за врска за време на јануарскиот преоден рок, а на радарот на италијанскиот гигант се наоѓа и Гвидо Родригез од Вест хем.
Сепак, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, не сака да брза со одлуките, туку ќе си даде време внимателно да ги разгледа сите достапни опции.
Фото: EPA