Oбјавена снимка од друг агол: „Бомбата“ на Валверде летала со над 100 километри на час! (ВИДЕО)

Реал Мадрид вчера славеше победа во полуфиналето од Суперкупот во Саудиска Арабија против Атлетико, а главна тема по натпреварот е голот на Федерико Валверде.

Уругваецот уште на самиот старт ја затресе мрежата на ривалот со вистинска „бомба“ од слободен удар по која Јан Облак немаше шанси да интервенира.

Сега се појави видео и од друг агол, но исто така е измерено и дека топката кон голот на „јорганџиите“ летала со 108 километри на час.

Во финалето в недела „кралевите“ ги чека битка во уште едно „Ел Класико“ против Барселона.