Пелистер ги почна подготовките: Во Анталија ќе игра против екипи од - Бих, Србија и Узбекистан!

Екипата на Пелистер денеска ги започна подготвките за вториот дел од сезоната, а тренерот Милан Стојановски почетокот го означи со работеен состанок.

Битолскиот клуб подготовките ќе ги подели во два дела. Од денес до 17 јануари ќе тренира на својот стадион, а потоа ќе се пресели во Анталија, каде ќе мине двонеделни подготовки. Во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата.

20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)

24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ)

28. 01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

Исто така од Пелистер најавија и дека во наредниот период ќе бидат потврдени неколку засилувања, а првиот натпревар е закажан против Работнички во Битола на 7 февруари.