Агим Ибраими има нова функција – спортски директор на Партизани!

Некогашниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими, е именуван за нов спортски директор албански клуб Партизани, откако денеска беше официјално промовиран од претседателот на клубот Газмент Деми.

Тој веднаш ќе се вклучи во работата и креирањето на спортската стратегија на тимот од Тирана, а паралелно со останува и актуелен член на Управниот одбор на ФФМ. Назначувањето доаѓа по успешната мисија што Ибраими ја имаше минатата сезона во Албанија, кога како директор успеа да го стабилизира и спаси од испаѓање клубот Тирана, иако тимот моментално се наоѓа на дното на табелата.

Поранешниот капитен на Македонија во текот на играчката кариера настапуваше за неколку реномирани европски клубови, меѓу кои Салцбург, Олимпија Љубљана, Марибор, Каљари и Астана, а во албанскиот фудбал ги носеше дресовите на Кукс и Динамо Тирана.