Лудо грчко дерби: Олимпијакос и десетти пат по ред го победи ПАО во Евролигата

Грчкиот шампион Олимпијакос ја продолжи доминацијата во дуелите против Панатинаикос во Евролигата откако го победи и десетти пат по ред.

Иако гостин, тимот од Пиреја славеше со 87-82, а последниот пораз од својот најголем ривал, во елитното натпреварување, го доживеа на 5 февруари 2021 година на домашен терен со 77-88. Денешниот меч беше еден од најлудите во историјата, а малку недостасуваше Олимпијакос да испушти голема предност.

Во првата четвртина, гостите водеа и со 17 разлика во повеќе наврати, но ПАО во вториот период ја достигна високата негатива и на голем одмор се замина со израмнет резултат (43-43). Панатинаикос имаше кратки периоди со водство во третата четвртина, но не играше добро во континуитет, па во последниот квартал, гостите поведоа со 83-74 и тоа се покажа доволно за триумф на дербито.

И покрај тоа што многумина ги сметаат за најсилни екипи во Евролигата, грчките тимови се наоѓаат на петтото и седмото место, но разликата со лидерот Валенсија не е голема. 

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Црвена Звезда 65-87
Басконија - Фенербахче 93-108
Панатинаикос - Олимпијакос 82-87
Виртус - Олимпија Милано 97-85

фото: EPA photo