Црвена звезда го прегази Ефес среде Истанбул!
Црвено-белите одиграа моќен натпревар и лесно го средија турскиот тим на негов терен.
Црвена звезда уште во текот на првото полувреме дојде до фантастични 20 поени предност, а на одморот замина со водство од 43-25.
Во третата четвртина српскиот гигант неколкупати водеше со највисоки 26 поени разлика, а Ефес изгледаше немоќно, Црвена звезда ја имаше контролата на мечот иако во последниот период правеше и многу грешки, сепак не дозволи домаќинот да се понадева на чудо. Конечниот резултат беше 87-65 за црвено-белите.
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Нвора со 24 поени, Монеке постигна 16, кај Ефес најдобар беше Веилер-Баб со 17 поени.