Палас го урна клупскиот рекорд за да го донесе фудбалерот кој ѝ даде гол на Македонија!

Екипата на Кристал Палас денеска се пофали со ново засилување, потпиша со велшанецот Бренан Џонсон кој пристигнува од Тотнем.

Кристал Палас за овој трансфер плати 35 милиони фунти што е клупски рекорд. Досега нивно најскапо засилување беше Кристијан Бентеке за 27 милиони фунти.

Бренан Џонсон останува во Лондон, само го промени реонот, од северниот се сели во јужниот дел.

Џонсон беше еден од стрелците на Велс на дуелот против Македонија во Кардиф кој го загубивме со 1-7.