Мареска добил отказ поради преговори со Манчестер сити!?

Челси вчера го отпушти тренерот Енцо Мареска, откако веќе некое време имаше тензии меѓу раководството на клубот и италијанскиот стратег, а медиумите ја откриваат наводната причина поради која се разделиле.

Мареска помина на „Стемфорд бриџ“ само 18 месеци, при што ги освои Конференциската лига и Светското клупско првенство, но тоа не беше доволно за да остане во клубот.

Англиските медиуми пишуваат дека управата на тимот решила да го избрка Мареска затоа што Италијанецот во претходниот период имал разговори со луѓе поврзани со Манчестер сити.

Потегот на Мареска дополнително ја налутил управата на клубот, по што „сините“ решија дека е најдобро да се разделат.