„Бомба“ од Островот: Мареска во преговори со еден од најголемите ривали на Челси

Енцо Мареска денеска си замина од светскиот клупски шампион Челси, а најновите информации од Островот се дека нема долго да биде без работа.

За услугите на Мареска интерес покажа Манчестер сити, но и нивниот градски ривал Манчестер јунајтед, кој наводно е подготвен да го ангажира на местото на Рубен Аморим.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе разговарало за оваа идеја, а наводно и агентот на Мареска бил во Манчестер на преговори.

Јунајтед следниот меч го игра на 4 јануари против Лидс, а наводно тоа ќе биде последниот натпревар за Аморим доколку не успее да победи.