Барселона го договори еден од најголемите афрички таленти!
Според информациите, Барселона ќе плати отштета од 1.5 милони евра веднаш за позајмица до крајот на сезоната, а потоа ќе доплати уште 3.5 милиони за негов откуп наредното лето. Исто така неговиот Ал Ахли ќе задржи право на 15% од сумата од неговиот следен трансфер.
Нема дилеми дека договоррот со еден од најголемите европски клубови е најубавиот подарок за Хамза.
Најавите се дека првичниот план е да биде дел од Барселона Атлетик, а потоа постепено во текот на летните припеми да почне да добива шанса во тимот на Ханси Флик.