Фудбалерот за кого Јунајтед плати 50 милиони евра може да заврши во Турција?
Според информциите, Галатасарај, сака да го доведе Угарте на позајмица од шест месеци со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната за 20 милиони евра.
Уругвајскиот фудбалер сезонава собра само 12 настапи за Манчестер јунајтед и само три пати беше во почетниот состав.
Во турските медиуми се пишува дека играњето во Лигата на шампионите и тоа што тука е веќе неговиот сонародник Тореира, можат да бидат клучни фактори за да се одлучи да го избере Истанбул.
На табелата во турското првенство, Галатасарај е на првата позиција со три бода повеќе во однос на Фенербахче, додека во Лигата на шампионите по шест кола се на 18-тото место со девет бода.