Навивачите нема да бидат среќни: Ова е фаворитот за наследник на Мареска
Според пишувањата на британските и светските медиуми, главен фаворит за наследник на Мареска е Лиам Розениор, 41-годишен Англичанец кој моментално го води Стразбур.
Стразбур ги има истите сопственици како Челси, па евентуална преселба од еден во друг клуб не би требало да претставува проблем.
Розениор го презеде Стразбур на почетокот на минатата сезона и го одведе до седмото место на табелата, а на истата позиција се наоѓа и по 16 кола во актуелната сезона.
Во Конференциската лига, Стразбур лигашкиот дел од натпреварувањето го заврши на првото место со 16 од можни 18 бодови.