Сабаленка не се откажува: Бара реванш во „битката на половите“, но со нови правила
Иако, Кирјос доминираше, Сабаленка сега порача дека сака реванш бидејќи како што вели многу научила од дуелот.
„Сакам реванш, но по поинакви правила. Не сакам тука да заврши сѐ. Секогаш велам дека од поразите најмногу се учи. Сега научив многу за играта на Ник и тоа би можела да го применам во следниот дуел.
Мечот во Дубаи се играше со две измени во однос на стандардните тениски правила. Двајцата имаа само по еден сервис, за Кирјос да не може да ја користи силата на првиот, а теренот на Белорусинката беше намален за девет отсто, колку што, според пресметките, тенисерките се движат побавно од тенисерите.
Сабаленка сега сака промена на двете правила.
„Нека теренот биде ист, но јас да имам два сервиса. Тоа уште повеќе би нѐ израмнило. Убедена сум дека сега сѐ би било сосема поинаку. Не бев свесна дека ќе морам да се прилагодувам на поинакви правила и тоа ми создаде проблем“, објасни Белорусинката.
Ќе потсетиме, Кирјос го доби мечот со 2-0 (6-3, 6-3).
Фото: EPA