Шок на „Стемфорд Бриџ“: Челси го отпушти Мареска!
Челси влезе во резултатска криза во Премиер лигата и имаше само еден триумф на последните седум натпревари, а тренерот Мареска јавно ја критикуваше управата на „сините“, која предизвика „земјотрес“ во Лондон.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека богатите газди на клубот решиле да го избркаат Мареска на само неколку дена пред дербито против Манчестер сити.
Мареска пристигна во Челси во незгоден момент, но и покрај тоа успеа на крајот на минатата сезона да ги освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Фото: EPA