Милан ѝ нуди договор до 2029 година на една од своите најголеми ѕвезди

Поранешниот италијански шампион Милан наводно го одредил датумот за продолжување на преговорите за нов договор на американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ.

Пулишиќ е најголема ѕвезда на „росонерите“ и лидер на тимот, но неговиот актуелен договор важи до 2027 година, па поради тоа Милан сака да му ја продолжи соработката до 2029 година.

Фудбалерот се наоѓа во неверојатна форма оваа сезона, односно во Серија А учествуваше при постигнување на 21 гол, односно запиша 14 погодоци и седум асистенции.

Фото: AC Milan/Facebook