Алегри ставил вето: Силва нема да се пресели во Милан!?
Антонио Касано објави дека советникот на клубот Златан Ибрахимовиќ дал „зелено светло“ за враќање на Силва, но тренерот го спречил трансферот затоа што смета дека Бразилецот не е на посакуваното ниво.
Силва во кариерата играше за Порто, Милан, ПСЖ и Челси, по што се врати во татковината, но сега сака повторно да игра во Европа.