Дарио Ивановски со нов македонски рекорд стави круна на успешната година!

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски синоќа трчаше во Мадрид, Шпанија, и годината ја заврши на исклучително успешен начин, со нов - национален рекорд.

Тој патеката на Сан Силвестре Валекана, во Мадрид, Шпанија, која беше со должина од 10 км, ја мина за 29 минути завршувајќи на 17. место.

Тоа е нов македонски рекорд на 10 километри на пат.

„Спорт1“ го прогласи Ивановски за личност на годината 2025, а интервјуто со него може да го прочитате на овој ЛИНК.