Јокиќ тукушто остана без четвртото МВП признание
Ќе бидат тоа тешки (најмалку) четири недели ако се знае дека дури и со Јокиќ во тимот, Нагетс се во серија од два пораза и вкупно десет оваа сезона. Но, проблем поради паузата ќе има и самиот Јокиќ кој, ако се остварат прогнозите и навистина биде надвор од терените четири недели, автоматски останува без своето четврто МВП признание во кариерата.
Клучно е правилото на НБА кое вели дека играчите за да останат во конкуренција за МВП наградата, мора да одиграат најмалку 65 натпревари, правило поради кое лани Дончиќ отпадна од игра уште во јануари затоа што се повреди на Божиќ и паузираше до февруари. Во следните четири недели, почнувајќи од утре вечер, Денвер има 18 натпревари што автоматски го носи Јокиќ под 65.
Ама дури и да се врати порано, тој ќе мора до крајот на основниот дел од сезоната да ги одигра сите дуели и повторно прашање е дали оние кои го бираат МВП ќе му ја дадат довербата кога тие лани го изоставија иако имаше трипл дабл просек. Во ваква ситуација, само шампионска титула може да му ја спаси сезоната на можеби најдобриот играч во НБА лигата.