Словенија го има најдобриот спортист во светот за 2025 година!

Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар е победник во изборот на „Марка“ за „спортист на годината“.

Погачар во изминатата 2025 година по четврти пат триумфираше на Тур де Франс, а во гласањето од читателите на шпанскиот весник освои 52% од гласовите.

Второто место со 29.75% освоеени гласови му припадна на Швеѓанецот, Арманд Дуплантис.

Кај дамите до победата дојде Белорусинката Арина Сабаленка со 36.13% освоени гласови, додека втора заврши пливачката од Канада Самер Мекинтош.

Кога во прашање е само Шпанија, Карлос Алкараз го победи шампионот во Мото ГП, Марк Маркез.

Марија Мерез, шампионката во брзо одење стигна до признанието за шпанска „спортистка на годината“, фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати остана зад неа.

Фото: EPA