Познати детали: Полицијата ја откри причината за несреќата на Џошуа

Нигериската полиција потврди дека причина за сообраќајната несреќа на британскиот боксер Ентони Џошуа во која загинаа двајца негови пријатели е пукање на гума.

Легендарниот боксер во несреќата за „влакно“ избегнал смрт, меѓутоа се здоби со сериозни повреди. Во несреќата животот го загубија неговите блиски пријатели и соработници, Латиф Ајоделе и Син Гами.

Командирот на полицијата во Нигерија изјави дека „Лексусот“ во кој се возел Џошуа ја изгубил контролата откако пукнала гума при голема брзина.

Џошуа преживеал затоа што седел на левата страна од возилото, додека возачот завршил на интезивна нега.