Aртета пред дербито вечерва остана без еден од најважните фудбалери

Пред дерби натпреварот од 19. коло вечерва против Астон вила, Микел Артета доби лоша вест, остана без Даклан Рајс.

Одличниот фудбалер од средниот ред игра во добра форма оваа сезона во дресот на „топчиите“ и по повредата на Габриел важеше за еден од најдобрите поединци во екипата, но сега и него го снајде истата судбина.

Имено, Рајс се пожали на повреда на коленото и ќе го пропушти вечерашниот дуел на „Емирати“, а голема е веројатноста да отсуствува и од неколкуте наредни натпревари кои следуваат во краток временски период.

Рајс ќе биде присутен на стадионот на денешниот натпревар, но сигурно нема да настапи, додека во Арсенал се надеваат дека неговата рехабилитација нема да трае предолго.

Оваа сезона Рајс има 25 настапи за Арсенал во сите натпреварувања, постигна два гола и запиша шест асистенции, но неговиот придонес во играта не може да се измери само преку статистичките показатели.