Кошмарот на Џошуа продолжува: Повредите се тешки, ќе биде откажан дуелот со Фјури

Повредите на Ентони Џошуа по кошмарната несреќа што ја претрпе може да бидат посериозни отколку што се сметаше претходно.

Британските медиуми открија дека боксерот претрпел полесни повреди и е во стабилна состојба. Сепак, блиските до Џошуа тврдат дека тоа не е сосема точна, бидејќи тој од вчера чувствува големи болки во ребрата и колената.

Борбата на Џошуа против Тајсон Фјури може да биде одложена, објавува „Дејли меил“. Таа требаше да се одржи во Ријад во текот 2026 година, но по новиот развој на настаните и загинувањето на два члена на стручниот штаб на Џошуа, многу веројатно нема да биде на програмата.