Невидена драма во Серија А - пет екипи на четири бода разлика

Со натпреварот меѓу Рома и Џенова, синоќа заврши годината во Серија А иако не е комплетирано 17. коло од шампионатот.

Екипите кои настапуваа во италијанскиот Суперкуп имаат еден натпревар помалку, но и покрај тоа, Серија А оваа сезона е неверојатно интересна и неизвесна. Годината завршува на начин на кој пет екипи се наоѓаат на четири бода разлика и во 2026 година ќе влезат со големи шанси нза шампионската титула.
 
На чело е Интер со 36 бода, а понатаму, на еден бод растојаните се Милан, Наполи, Рома и Јувентус. Ситуацијата може да се промени кога ќе се одиграат заостанатите натпревари, но дотогаш Серија А ќе остане најинтересна лига во топ-5 првенствата низ Европа.

Standings provided by Sofascore