Македонските стадиони се убедливо најпразни на просторот на Југославија (ФОТО)
Според анализите на „Стадиони и арени“ на Инстаграм, од цела поранешна Југославија стадионите во нашата земја се убедливо најпразни – нивната пополнетост изнесува едвај нешто над два отсто од нивниот вкупен капацитет. Хрватите се убедливо најдобри во оваа категорија, со оглед што во просек нивните арени најмалку се пополнети до половина од тоа што собираат. Интересот е приближен во Србија, Словенија и БиХ (меѓу 20,4 до 27,9 отсто) додека пред нас се и Црногорците, каде што стадионите се пополнети до 10-отсто од капацитетот.
Ситуацијата во бројки е нешто „подобра“ бидејќи Македонија е претпоследна со просек од 722 гледачи на средбите од елитата, што е подобро во Црна Гора каде што средбите ги следат просечно по 396 навивачи. Останатиот пласман е идентичен, со тоа што во Хрватска натпреварите во просек ги гледаат речиси 6.000 фудбалски вљубеници.