Лоши вести за Раул Гонзалез пред Европското првенство!
Србија има големи проблеми на позицијата лев бек, а причина за тоа се повредите.
Последен кој отпадна е Милош Кос, еден од најдобрите српски ракометари во моментов. Тој не играше повеќе од два месеци за германскиот Ерланген, но се појави на подготовките на Србија во Стара Пазова.
Сепак, последните информации велат дека Милош Кос нема да патува на Европското првенство, а причина е таа повреда на зглобот.
Тој веќе се вратил во својот клуб каде ја продолжува рехабилитацијата.
Покрај Кос, од претходно отпадна и Марко Милосављевиќ, а прва опција како лев бек ќе биде Урош Борзаш.