Само во Дубаи: Ѓоковиќ доби награда на фудбалска манифестација!
Беа измислени повеќе награди само за да им се доделат на најголемите спортисти, а една и најчудна беше на Новак Ѓоковиќ.
Иако станува збор за манифестација на која се делат фудбалски награди, Србинот доби признание за живтони спортски достигнувања, слично како награда за животно дело.
Наградата на Ѓоковиќ му ја додели Кристијано Роналдо.
„За мене Ѓоковиќ е пример за долговечност. Имаме слична приказна. Ја заслужува оваа награда бидејќи е пример за сите генерации“, вели Роналдо.
Чудна беше и наградата на Пол Погба кој доби признание за кам-бек на годината. Французинот се врати по суспензијата, но не одигра ништо важно, настапи само неколку минути.
На манифестацијата беа и УФЦ ѕвездите Хабиб Нурмагомедов и Ислам Махачев кои се сликаа со Новак Ѓоковиќ.