Македонските ракометари вечерва ќе тестираат против „новата“ Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе се соочи против Хрватска во Пореч во рамки на подготовките пред Европското првенство (ЕП) во Данска, Норвешка и Шведска.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе имаат одлична можност да ги тестираат своите сили против една од најсилните репрезентации во светот, а мечот е закажан за вечерва од 20.30 часот во салата „Жатика“.

Тренерот на Хрватите, Дагур Сигурдсон сепак на теренот ќе излезе во досега невиден состав, односно голем дел од главните ѕвезди добија одмор, додека шанса за докажување ќе имаат голем број млади ракометари.

Македонија на ЕП ќе настапи во Хернинг, односно ќе игра во група со Данска, Португалија и Романија.