Австриски ветеран првпат победи во Супер-Џи – надмудри тројца Швајцарци!
Тој славеше на патеката „Ли Зета“ со време 1:10,33 минути, оставајќи го зад себе Швајцарецот Алекси Моне за 10 десетинки. Третото место, со заостанување од 0,25 секунди му припадна на светскиот шампион во спуст Франьо фон Алмен, додека големиот фаворит Марко Одермат заврши веднаш до местата на подиумот.
По четирите супер-џи сезонава (со четворица различни победници), лидер во борбата за малиот кристален глобус е Одермат со 275 бодови, 66 повеќе од Винсент Крихмајр, кој не заврши во Ливињо. Трет е Рафаел Хаазер (146), а денешниот победник Шварц е четврти со 130 бодови заостанување зад лидерот. Во генералниот пласман на Светскиот куп кај мажите, Одермат води со 855 бодови, дури 404 повеќе од Шварц. Трет е Норвежанецот Тимон Хауген со 495 бодови помалку од водечкиот.
Светскиот куп продолжува на 7 јануари со ноќниот слалом во Мадона ди Кампиљо.