Најдобар на мечот беше играч за кој Јунајтед плати само милион фунти!

19-годишниот Ајден Хевн беше прогласен за играч на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл кој домаќините го добија со 1-0.

Се работи за дефанзивен кој на Олд Трафорд пристигна од Арсенал, беше купен за само еден милион фунти.

Тој одигра феноменално, имаше осум расчистувања, шест расчистувања со глава и 94% точност на додавањата. А по мечот доби големи пофалби од Аморим кој рече дека ако игра вака местото му е загарантирано.

„Тој ја заслужи оваа шанса, ако игра вака, ќе им биде многу тешко на другите да му го земат местото во стартниот тим почнувајќи од сега“, рече Аморим по мечот.