Барса го молела Левандовски да не постигнува голови - да не му платат бонус на Баерн!
Новинарот Себастијан Сташевски објави книга за Роберт Левандовски, и во еден дел се пишува за тоа како Барселона го молела напаѓачот да не постигнува голови со цел да не биде платен богат бонус на Баерн Минхен.
Се работи за сезоната 2022/23, во последните кола, директорите побарале од напаѓачот да не се запишува во листата на стрелци за да не ја надмине бројката од 25 погодоци, а со тоа и да се спречи исплата од 2,5 милиони евра.
„Има работи за кои не сакам да зборувам“ – вели Полјакот, кој не сакаше да ги потврди, но и да ги негира овие написи.
„Имам голема почит кон Барселона и луѓето кои работат таму. Знам добро каква е состојбата во клубот, имаше доста работи кои мораа да се направат за доброто на клубот“.
„Да, имаше одреден бонус за Баерн и сите знаат дека едно време Барселона внимаваше на секое евро, и сумата не беше баш мала“.
„Но да, ова влијаеше малку на мене, се чудев дали да постигнам гол или не“.