Хаос во Белград: Кошаркар на Партизан тргна да се тепа со водачите на Гробари!

Кошаркарите на Партизан беа убедливо поразени од Макаби Тел Авив во 18. коло од Евролигата со огромни 87-112, тоа беше еден од најтешките порази на свој терен во историјата на клубот.

Партизан под водство на новиот тренер, Жоан Пењароја, играше добро само во првата четвртина, потоа се случи комплетен распад.

На мета на навивачите на Партизан е Тајрик Џонс, кој беше исвиркуван уште од пред почетокот на мечот, потоа за време на натпреварот, кога и да постигнеше поени, цела Арена му свиреше. Кулиминацијата се случи по крајот на мечот.

Тајрик Џонс тргна со играчите до навивачите, а потоа ја прескокна оградата и се залета кон првиот ред каде што се водачите на навивачите со кои сакаше да се пресмета.

Тука го застана Вања Маринковиќ кој се обиде да ја смири ситуацијата.

Не застана тука, потоа Тајрик Џонс замина накај соблекувалната, а еден од навивачите покажуваше дека сака да се пресмета со него, односно го повика на „ферка“.