Тотален распад на Партизан: По -41 во Каунас, на -25 на домашен терен
Израелскиот тим во Белград славеше со 112-87 што е втор дебакл на Партизан во период од една недела откако минатиот петок загуби од Жалгирис во каунас со 41 поен разлика. Наспроти очекувањата дека со новиот тренер работите ќе тргнат на подобро, Партизан ги повтори старите грешки, ноншалантноста на дел од играчите и како последица на тоа дојде новиот дебакл.
Очајна беше одбраната поради која Партизан прими најмногу поени оваа сезона, а прашањето околу победникот во ниеден момент не беше доведено во прашање. Белградскиот тим парираше некако во првата четвртина, но во следните две Макаби направи голема предност, а во последната стигна и до +36. Опуштањето на гостинските играчи им овозможи на „црно-белите“ да се изборат за нешто попристоен пораз иако и за него добија жестоки свирежи од своите навивачи.
Ова е трет дебакл на Партизан по ред во Евролигата со кој останува на 18. позиција на табелата.